Вардар 1961 го потврди својот примат во македонскиот ракомет и преку убедливи 33-28 над Алкалоид обезбеди место во големото финале на Купот. Тимот предводен од Иван Чупиќ уште на стартот се соочи со сериозни кадровски проблеми по раните исклучувања на Митровиќ и Лазаревски, но сепак, „црвено-црните“ демонстрираа моќ и на пауза заминаа со водство од 18-16.
Клучниот пресврт се случи во втората половина од мечот, кога вардарци наметнаа пеколно темпо и во 45. минута стигнаа до недостижни десет голови предност (29-19). Ослабениот состав на Кирил Лазаров немаше решение за агресивната игра на противникот, па до крајот успеа само да го ублажи поразот во ова скопско дерби.
Оваа доминантна партија е најдобра увертира за завршната битка против ГРК Охрид, закажана за в’недела во 20:00 часот.
Ракометниот викенд продолжува и утре со возбудувањата во женска конкуренција.

