Македонски ракомет Ракомет

Вардар против Охрид: Кој ќе го подигне пехарот во Струмица?

Вечерва во салата „Парк“ во Струмица, силите ќе ги одмерат скопски Вардар и дебитантот во финалињата, ГРК Охрид, во меч кој директно одлучува дали 18-тиот пехар ќе заврши во витрините на „црвено-црните“ или Македонија ќе добие нов освојувач на Купот.  Вардарци се сметаат за апсолутни господари на ова натпреварување со десет трофеи во последните 12 години, охриѓани со елиминацијата на Пелистер докажаа дека се подготвени да го урнат фаворитот и да му се приклучат на друштвото екипи кои еднаш го подигнале престижниот пехар.

Откако минатата сезона Алкалоид успеа да ја прекине доминацијата на Вардар, Охрид сега гледа своја шанса да стане петтиот клуб во државата со само една титула, спречувајќи го вечното дерби во борбата за трофејот. Возбудата е присутна, бидејќи едниот состав игра за традиција и рекорди, другиот е на чекор до најголемиот успех во својата историја, што ветува бескомпромисна ракометна битка.

Натпреварот започнува во 20:00 часот со пренос на МРТ3 каналот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести