Македонскиот фудбалски првак Вардар ја започнува европската авантура на домашен терен. Првиот дуел против финскиот шампион КуПС е закажан за 7 јули во 19 часот на арената „Тодор Проески“, додека реваншот е по седум дена на гостински терен.
Екипата веќе ја темпира формата на подготовки во италијанскиот центар Норчиа, каде преку неколку пријателски средби ќе се подготвува за претстојниот предизвик. Новиот кормилар Кристијан Фабијани веќе ја воигрува екипата според своите тактички замисли, а составот е дополнително засилен со Жерсон Родригез и Мигел Пиреш од кои се очекува да донесат поголем квалитет во средниот ред и во нападот.

