Македонски фудбал Фудбал

Вардар признава само победа против Македонија ЃП!

По кратката репрезентативна пауза и скопски Вардар ги „пали“ моторите, а вниманието е насочено кон натпреварот против Македонија Ѓорче Петров кој се игра денеска со почеток во 15:30 часот на Арената „Тодор Проески“. Црвено-црните ќе се обидат да се вратат во победнички ритам против градскиот ривал од Ѓорче Петров, кој пак грчевито се бори во долниот дел од табелата.

Во минатото коло, Вардар доживеа неочекуван пораз на гостувањето во Гостивар против Арсими каде беше поразен со 1:0, со што дополнително се вжешти трката за врвот на табелата со конкурентот Шкендија кој во моментов има ист број на бодови како и Вардар (58).

„Лавовите“ имаат силен мотив и императив за позитивен резултат. Ѓорчепетровци водат жестока битка за опстанок и секој нареден меч е од исклучителна важност. Вардар е фаворит, но притисокот е голем, додека Македонија Ѓорче Петров нема што да загуби.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести