Македонски фудбал Фудбал

Вардар признава само победа, други опции не постојат

Најтрофејниот македонски клуб и актуелен шампион Вардар не ја стартуваше најдобро новата сезона во Првата лига. Поради ова веќе имаше неколку промени во стручниот штаб. По поразот од Шкендија замина аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани, потоа на клупата седна привремено Матија Мирков, а на денешниот меч со Арсими треба да дебитира новиот стратег, Миодраг Божовиќ.

Со новиот тренер на клупата, секако доаѓаат и нови мотиви кај целиот тим, а фудбалерите тоа треба да го покажат на мечот со Арсими.

„Мотивите се максимални, одиме на победа. Ништо друго не е опција“, порачуваат од таборот на „црвено-црните“.

Пред денешниот дуел од шестото коло, Вардар и Арсими имаат по седум освоени бода и се наоѓаат на шестата и на седмата позиција на табелата.

Натпреварот меѓу Вардар и Арсими е закажан за 19 часот на стадионот на комплексот на ФФМ, а ќе го суди Игор Стојчевски.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.