Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Вардар пристигна во Финска и го одработи официјалниот тренинг (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нашиот актуелен шампион Вардар, по долгиот и исцрпен пат, конечно пристигнаа во Финска каде го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот реванш натпревар против домаќинот КуПС. Вардар на ова гостување замина со негатива од два гола во првиот натпревар, откако КуПС без посериозни проблеми се справи со нашиот шампион.

Пред Вардарци е тешка мисија. Дополнителни проблеми претставува теренот кој е со вештачка трева, но и временските услови кои не се баш најдобри во студената Финска.

Натпреварот започнува во 17:00 часот, а фановите на црвено-црните ќе можат да го следат дуелот преку директен пренос на каналите на „Арена Спорт Македонија“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.