Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Вардар официјално останува без Дмитро Горига кој се сели во Пик Сегед!

Украинскиот ракометар Дмитро Горига, кој беше клучна фигура во одличните резултати на Вардар оваа сезона, и официјално го потврди своето заминување од Скопје. Иако раководството на „црвено-црните“ подолг период се обидуваше да го задржи својот најдобар стрелец, фантастичните настапи на Горига привлекоа интерес од европските гиганти, по што тој ја прифати понудата на унгарскиот Пик Сегед.

Унгарскиот клуб денеска го промовираше своето ново засилување, а Украинецот не го криеше задоволството од новиот предизвик во кариерата.

„Возбуден сум поради трансферот во Пик Сегед и можноста да ја искусам посебната атмосфера што владее во клубот и во градот. Слушнав многу за верните фанови и едвај чекам да ја почувствувам нивната енергија. Мојата цел е постојано да напредувам и да му помогнам на тимот да ги оствари високите амбиции“, порача Горига во својата прва изјава како нов член на унгарскиот вицешампион.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести