Фудбалерите на Вардар ќе имаат силен дополнителен мотив во пресрет на двомечот против летонска Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Раководството на македонскиот шампион одлучи да обезбеди премија од 100.000 евра за играчите и стручниот штаб доколку успеат да обезбедат пласман во следната фаза од натпреварувањето. Откако не успеаја да го минат фински КуПС во квалификациите за Лигата на шампионите, „црвено-црните“ европската сезона ја продолжуваат во Конференциската лига, каде ги очекува сериозен предизвик против амбициозниот латвиски претставник.
Првиот натпревар ќе се одигра в среда со почеток од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде Вардар ќе се обиде да создаде предност пред реваншот во Летонија.
Доколку го елиминира тимот на Рига, македонскиот шампион во третото квалификациско коло ќе игра против унгарскиот Ѓер.

