Македонски фудбал Фудбал

Вардар ја почнува одбраната на титулата со Брегалница, дербито со Шкендија веќе во второто коло

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига официјално ќе започне на 25 јули, откако денеска беше објавен комплетниот распоред за воведните рунди од шампионатот. Актуелниот македонски шампион Вардар одбраната на тронот ќе ја започне пред домашната публика во Скопје, каде во премиерниот натпревар на сезоната ќе го пречека составот на Брегалница.

Сепак, „црвено-црните“ уште на самиот старт ќе се соочат со исклучително тежок распоред и сериозни предизвици. Веднаш по дуелот со штипјани, на арената во Скопје во рамките на второто коло ќе гостува тимот на Шкендија, што воедно ќе биде и првото големо дерби во новата натпреварувачка година. Серијата тешки испити продолжува веднаш во следната рунда, кога вардарци го имаат првото сезонско гостување против тимот на Струга Трим Лум, екипа која и годинава важи за еден од главните конкуренти за највисок пласман.

Според официјалниот календар, есенскиот дел од домашниот шампионат ќе биде заокружен со натпреварите кои се закажани за 12 и 13 декември. По одигрувањето на ова коло, прволигашите ќе заминат на заслужена зимска пауза, по која ќе ги продолжат битките за титулата и излезот на меѓународната сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.