Македонски ракомет Ракомет

Вардар им се поклони на своите навивачи: „ВИ БЛАГОДАРИМЕ… Нашата најголема сила!“ (ВИДЕО)

Иако епилогот на теренот донесе жестока драма и за малку испуштена победа против францускиот гигант Нант (32:33), премиерниот европски меч за Вардар на домашен терен оваа сезона потврди една работа, ракометниот дух во главниот град е пожив од кога било. Спортскиот центар „Јане Сандански“ повторно грмеше во препознатливиот шампионски ритам, а трибините приредија амбиент кој ги оживеа спомените од незаборавните години кога „црвено-црните“ се качуваа на европскиот трон.

Со искрена порака содржана во зборовите „ВИ БЛАГОДАРИМЕ… Нашата најголема сила!“, вардарци уште еднаш подвлекоа дека без оглед на сите предизвици на теренот, публика од ваков калибар е нивниот главен адут и ветер во грбот за сите претстојни битки во Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.