Денес се одиграа два натправари од 27. коло од ПМФЛ. Вардар со минимални 1:0 славеше на градското дерби против Работнички на Арената Тодор Проески. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше српскиот интернационалец Стефан Цветковиќ во 23-та минута. Црвено-црните беа подобриот ривал во текот на целиот натпревар, имаа и повеќе шанси, но резултатот до крајот на натпреварот не се промени. Со оваа победа Вардар освои многу битни три бода во битката за титулата со Шкендија, додека Работнички ќе чека наредна прилика за бодови кои му се неопходни во борбата за опстанок.
На натпреварот во Кратово, Силекс исто така славеше победа над Башкими, со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Дарко Додев, кој погоди од белата точка во 67-та минута, по стартот на Личина кој за тоа доби и црвен картон.

