Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Вардар го затвори ростерот за 2026/27, следува предизвикот наречен Лига на шампионите!

РК Вардар 1961 го комплетираше тимот за сезоната 2026/27, во која македонскиот шампион повторно ќе биде дел од елитното европско друштво и ќе настапува во Лигата на шампионите. Тренерот Иван Чупиќ ќе располага со неколку нови засилувања на речиси сите позиции. Во „црвено-црниот“ табор пристигнаа голманот Бомаштар, Фадуил, Ѓорчески, Љевар, Нешовски и Абделак, играчи од кои клубот очекува да ја зголемат конкуренцијата и квалитетот во составот.

Воедно, Вардар го задржа и поголемиот дел од шампионскиот тим. Во ростерот остануваат Милош Валах, Васил Гогов, Гоце Георгиевски, Вукашин Воркапиќ, Махамаду Кеита, Џуниор Тузолана, Жоао Педро, Кристијан Анастасовски, Милан Лазаревски, Виктор Јанковски, Урош Митровиќ, Марио Стојановски и останатите ракометари кои беа дел од освојувањето на двојната домашна круна минатата сезона. Со ваков состав, Вардар влегува во новата натпреварувачка година со јасна цел, одбрана на трофеите во Македонија и достојно претставување во Лигата на шампионите, каде клубот во својата историја двапати се искачи на европскиот трон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.