Македонски фудбал Фудбал

Вардар го пречекува Тиквеш, во Битола дуел на Пелистер и Силекс во Купот

Во Куќата на фудбалот беа извлечени двојките за осминафиналната фаза од најмасовното домашно натпреварување, Купот на Македонија.

Како еден од најинтересните дуели се издвојува пресметката во Битола помеѓу традиционалните ривали Пелистер и Силекс. Сериозно внимание привлекува и дуелот во кој Вардар на домашен терен ќе ги одмери силите со Тиквеш, додека вистинско дерби се очекува и на пресметката помеѓу Башкими и Шкендија Арачиново.

Натпреварите од оваа фаза се закажани за 27 и 28 октомври.

Комплетни осминафинални парови:

Скопје – Новаци

Струга ТЛ – Беласица

Брера – Арсими

Вардар – Тиквеш

Пелистер – Силекс

Работнички – Саса

Македонија ЃП – Брегалница

Башкими – Шкендија Арачиново

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.