Македонски фудбал Фудбал

Вардар го потпиша Диковски од Брера

По освојувањето на шампионската титула, најтрофејниот македонски клуб веднаш почна со кроење на тимот за одбрана на тронот и претстојните предизвици во Европа. Раководството на клубот брзи потези на трансфер-пазарот, со посебен фокус на носење млади и перспективни домашни фудбалери. Како дел од оваа стратегија, Вардар го официјализираше ангажманот на Даниел Диковски, кој пристигнува од тимот на АП Брера.

Младиот 19-годишен голман своите почетоци ги направи во младинската школа на Македонија ЃП, по што направи трансфер во Струмица. Сепак, откако Брера испадна од Првата лига, талентираниот чувар на мрежата одлучи да се врати во Скопје и да го облече „црвено-црниот“ дрес.

Диковски се обврза на верност кон Вардар во следните три години и ќе му биде на располагање на новиот шеф на стручниот штаб уште од првиот ден на летните подготовки. Во ростерот на шампионот, тој доаѓа како директна замена за поискусниот Ќосевски, кој по завршувањето на сезоната си заминува од клубот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.