Македонски фудбал Фудбал

Вардар го договори одличниот Мигел Пиреш од Силекс

Португалскиот интернационалец Мигел Пиреш ќе биде првото засилување за екипата на Вардар за новата натпреварувачка сезона. Одличниот напаѓач веќе ги договорил сите услови за преселба во редовите на новиот македонски шампион. За неговите услуги имало сериозен интерес и од неколку други клубови од домашното првенство, но и од регионот.

Искусниот 29-годишен фудбалер зад себе има фантастична натпреварувачка година во дресот на кратовски Силекс. Тој беше еден од најдобрите поединци во тимот со постигнати единаесет голови и четири запишани асистенции.

Пред да го договорат трансферот на Пиреш, челниците на скопскиот клуб успеаја да ја продолжат соработката со четири досегашни фудбалери. Верноста кон Вардар за уште една дополнителна година ја потврди сигурниот чувар на мрежата Методија Велковски. Покрај искусниот голман, во тимот остануваат дефанзивецот Ненад Мишковски, како и играчите од средниот ред Филип Дурански и Горан Закариќ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести