Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Вардар ги стартуваше подготовките, Лазаревски најави високи амбиции!

Ракометарите на Вардар 1961 и официјално ги започнаа подготовките за новата сезона, а на првиот собир предводен од новиот тренер Иван Чупиќ присуствуваа сите играчи, вклучувајќи ги и седумте нови засилувања. Пред стартот на подготовките, еден од капитените Милан Лазаревски порача дека амбициите на „црвено-црните“ остануваат непроменети. Според него, Вардар секогаш се стреми кон највисоките цели, без разлика на предизвиците и промените во составот.

„Имаме подновен тим, но верувам дека поседуваме доволно квалитет. Нè очекува напорен подготвителен период, но сигурен сум дека ќе бидеме подготвени да одговориме на сите предизвици, како во Лигата на шампионите, така и во домашното првенство“, изјави Лазаревски.

Тој потенцираше дека добрата атмосфера и заедништвото отсекогаш биле заштитен знак на Вардар, додавајќи дека поискусните играчи ќе им помогнат на новите ракометари што побрзо да се вклопат во тимот. Во рамките на подготовките, Вардар ќе настапи на силниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, а кон крајот на август ќе ги одигра и првите натпревари во Регионалната лига, пред почетокот на новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.