Македонски ракомет Ракомет

Вардар 1961 со трофеј ја отвори сезоната, Чупиќ ги пофали играчите

Вардар 1961 со победа над ГРК Охрид од 32:31 го освои првиот трофеј во новата сезона и на најдобар можен начин ја отвори домашната ракометна кампања. „Црвено-црните“ до триумфот стигнаа по исклучително неизвесен натпревар во Гевгелија, во кој победникот беше решен во самиот финиш. По последниот свиреж, тренерот Иван Чупиќ не го криеше задоволството од освоениот пехар, но истовремено упати пофалби и за противникот.

„Сигурно дека сме задоволни кога ќе се освои трофеј, среќа и задоволство е големо. Знаевме дека не чека тешко финале против многу добар противник“, изјави Чупиќ, истакнувајќи дека неговите ракометари покажале карактер во клучните моменти. Хрватскиот стратег посебно го потенцираше коректниот однос на двете екипи и му честиташе на Охрид за прикажаното во финалето. „Ова беше вистинско финале и честитки до моите играчи“, додаде тренерот на Вардар.

Ова е петти трофеј за тимот на Вардар во Суперкупот на Македонија, со што дополнително ја потврдија доминацијата во ова натпреварување. Освоениот Суперкуп претставува одлична увертира пред почетокот на сезоната и дополнителен мотив за продолжението на натпреварувачката година.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.