Ванче Шиков повеќе нема да биде дел од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија, соопшти Фудбалската федереација на Македонија и му се заблагодари на поранешниот репрезентативец, а потоа дел и од стручниот штаб.
„Му благодариме на Ванче Шиков за досегашниот ангажман и придонесот во работата со националниот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“. – велат од Федерацијата.
Во наредниот период се очекува да биде назначена замена на неговата позиција од страна на селекторот Годе Седлоски.
Прв асистент ќе остане Борче Христов, актуелниот тренер на Тиквеш, додека остатокот од стручниот штаб го сочинуваат Ерхан Селими, Гого Јовчев и Мартин Христов.

