Капитенот на холандската репрезентација, Вирџил ван Дајк, упати жестоки критики за судењето на натпреварот меѓу Египет и Аргентина. На овој дуел „фараоните“ водеа со 2:0, но на крајот претрпеа пораз од 2:3 по низа контроверзни одлуки.
Дефанзивецот на Ливерпул изјави дека целиот фудбалски свет видел што точно се случило на тој осминафинален натпревар. Тој направи директна паралела со Светското првенство во Катар, кога неговата Холандија доживеа слична судбина против истиот противник.
„Ја гледав утакмицата и, искрено, можев само да се смеам бидејќи ми ги врати спомените од 2022 година. Тогаш поминавме низ речиси идентична ситуација, но изгледаше како тогаш само ние да зборуваме за тоа“, вели Ван Дајк.
Холанѓанецот потенцираше дека му е драго што играчите и селекторот на Египет веднаш јавно и гласно се огласија по поразот. Според него, победникот мора да се решава исклучиво на теренот, а не преку судиски грешки кои го кројат конечниот резултат.

