Попладнево се одиграа три наптревари во Премиер Лигата. Ливерпул беше поуспешен на госутвањето кај градскиот ривал Евертон со голот на Ван Дајк во 100-та минута за конечни 2:1. Салах го отвори резултатот во 29-та минута во првиот дел кој беше одигран во високо темпо и со шанси на двете страни. Вториод дел почна со подобра игра на домаќинот, а Бето во 54-та минута го израмни резултатот. Домаќинот и по голот продолжи во ист ритам и беше подобар тим на теренот, креираше прилики, но се чини им фалеше заврница. Кога се чинеше дека тоа ќе биде се од дербито, во 10-та минута од продолжението, Ван Дајк погоди со глава, за победа во дербито на црвените и за три многу битни бодови.
Астон Вила и Сандерленд одиграа одличен натпревар со дури седум погодоци и многу неизвесност, во кој домаќинот, на „Вила Парк“ победи со 4:3. Воткинс во 2-та минута го отвори резутатот за водство на Вила, а брзо потоа гостите го израмнија резутатот со голот на Риг во 9-та минута. Воткинс донесе нова предност за домаќинот во 36-та минута и со тој резултат се замина на полувреме. Продолжи Астон Вила во вториот дел исто како и во првиот, па после само една минута игра Роџерс погоди за 3:1, во 46-та минута. Кога сите мислеа дека победникот е решен и дека Вила ќе дојде до трите бода, со два брзи гола во 86-та и 87-та минута, преку Хјум и Исидор, Сандерленд дојде до израмнување. Сепак Астон Вила не дозволи Сандерленд да си замине со бод од „Вила Парк“, а Ебрахам со гол во 94-та минута донесе победа на домашната екипа.
Нотингем Форест дојде до важна победа во борбата за опстанок против речиси отпаднатиот Барнли со 4:1. Гостите поведоа во продолжението на првиот дел со голот на Флеминг. Во второто полувреме, Нотингем направи пресврт и до врв ја наполни мрежата на Барнли, предводен од Гибс-Вајт кој постигна хет-трик, а последниот гол беше дело на Игор Жезус.
Од 17:30 часот, се игра натпреварот на сезоната помеѓу Манчестер Сити и Арсенал.

