Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Ван Дајк неизвесен за Тунис по силниот удар против Шведска

Холандија е на чекор до пласман во осминафиналето на Светското првенство. „Лалињата“ во последното коло од групната фаза ќе ги одмерат силите против Тунис. Натпреварот се игра на 25 јуни во Канзас. Сепак, настапот на капинетот Вирџил ван Дајк на овој дуел е под голем знак прашалник.

Стоперот на Ливерпул заработи незгодна повреда на претходниот натпревар против Шведска. Тој мораше предвреме да го напушти теренот поради силен удар во колкот. Ван Дајк објасни дека во тие моменти воопшто не го чувствувал горниот дел од ногата. Искусниот дефанзивец не сакал ништо да ризикува и веднаш побарал измена.

Лекарите сметаат дека најверојатно се работи само за моментално вклештен нерв кај фудбалерот. Холандскиот капитен останува оптимист и се надева на брзо закрепнување за следните мечеви. Холандија е лидер во групата со четири бода. Нивната главна цел е да ја задржат првата позиција пред нокаут-фазата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.