Меѓународен фудбал Фудбал

Валверде: Од Мурињо сакам да учам и како играч и како човек!

Новата ера во Реал Мадрид официјално започна во тренинг-центарот „Валдебебас“, каде што Жозе Мурињо го одработи првиот тренинг по преземањето на кормилото од Карло Анчелоти. Вниманието на јавноста го привлече Федерико Валверде, кој по заминувањето на Дани Карвахал и официјално ја презеде улогата на прв капитен на „кралскиот клуб“.

Уругвајскиот репрезентативец не го криеше возбудувањето од соработката со трофејниот португалски стратег, истакнувајќи дека ова за него е огромна можност за дополнителен созревање. Валверде порача дека едвај чека да го впие секој совет од Мурињо и неговиот стручен штаб, опишувајќи го Португалецот како посебна личност од која може многу да се научи, како на теренот така и на човечки план.

Застанувањето на чело на гигантот од Мадрид за Валверде претставува емотивен момент и круна на неговиот досегашен пат. Тој со голема благодарност се присети на лекциите добиени од претходните лидери во соблекувалната, Серхио Рамос, Тони Крос, Лука Модриќ, Дани Карвахал и Лукас Васкес, кои му помогнале да израсне во вистински предводник. Уругваецот вети дека ќе даде максимум за екипата и надвор од теренот, со јасна цел на крајот од сезоната да се освојат сите трофеи и навивачите да бидат горди.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.