Кошарка Меѓународна кошарка

Валенсија собори рекорд: Продадени 12.000 сезонски карти!

Валенсија зад себе има историска сезона во која се искачи на тронот во Шпанија и стигна до самиот Фајнал-фор во Евролигата, но летово мораше да се соочи со комплетна реконструкција на тимот. Сепак, ниту заминувањето на клучните носители, ниту заминувањето на трофејниот стратег Педро Мартинез во Реал Мадрид не ја намалија страста на навивачите, кои соборија нов клупски рекорд според продажбата на сезонски билети.

Шпанскиот гигант потврди дека за претстојната сезона веќе се продадени 11.900 сезонски карти, со што е надмината минатогодишната рекордна бројка од 11.000. Иако екипата ги загуби кошаркарите како Жан Монтеро, Брекстон Ки и Бранку Бадио, публиката покажа верност и најави уште една жешка атмосфера во „Роиг Арена“.

Раководството на клубот не седеше со скрстени раце по заминувањето на Мартинез, довербата му е укажана на неговиот досегашен помошник Шави Алберта, а екипата сериозно се засили со Ти-Џеј Шортс, Дилан Осетковски, Марио Сен-Супери, Мухамаду Геје и Гонзало Корбалан. Дополнително, Валенсија работи и на трансфер-бомба од НБА лигата, преговарајќи за ангажман на досегашниот член на Филаделфија, Трендон Водфорд.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.