Кошарка Меѓународна кошарка

Валенсија со час по кошарка за Панатинаикос, оди на Ф4!

Валенсија направи историски пресврт и се пласираше на фајнал-форот во Евролигата по победата над Панатинаикос со 81:64. Грчкиот гигант стана само втор тим по Партизан кој испуштил предност од 2-0 во плејоф серијата. „Зелените“ ги добија првите два меча во Шпанија, но Валенсија израмни во Атина и славеше во мајсторката. Овој пораз е уште поболен за Панатинаикос бидејќи завршниот турнир ќе се одигра токму во нивната сала.

Натпреварот започна со многу промашувања на двете страни, а првата четвртина заврши со скромни 14:10 за домаќините. Тимот на Педро Мартинез клучното водство го изгради во вториот период со неверојатна серија од 19:1. Избраниците на Ергин Атаман не се предадоа лесно и кон крајот на третата четвртина дојдоа до минус шест. Сепак, шпанскиот претставник одговори со нова серија од десет поени и дефинитивно го прекрши отпорот на противникот.

Најефикасен во победничкиот табор беше Бадио со 20 поени, а одлично одиграа Брекстон Ки и Жан Монтеро. Кај разочараниот Панатинаикос се истакна Најџел Хејс-Дејвис со 15 поени, додека Џеди Осман постигна само 10 кошеви.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести