Меѓународен фудбал Фудбал

Валенсија остана без една од главните тренерски желби!

Ернесто Валверде нема да биде нов тренер на Валенсија, откако искусниот шпански стручњак ја одбил понудата од клубот. Поранешниот тренер на Барселона и Атлетик Билбао во моментов нема желба да преземе друг тим и планира пауза од фудбалот во текот на оваа сезона. Валверде му ја соопштил одлуката и на новиот спортски директор на Валенсија, Браулио Васкез, кој сега продолжува со потрагата по наследник на отпуштениот Карлос Корберан.

Додека клубот бара ново решение, екипата привремено ја води Оскар Санчез од резервниот тим. Меѓу кандидатите за нов тренер се споменуваат Хозе Луис Мендилибар и Јаго Арасате. Валенсија се наоѓа во резултатска криза, па раководството сака што поскоро да најде тренер кој ќе донесе стабилност и позитивна атмосфера во тимот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.