Меѓународен фудбал Фудбал

Валенсија направи голем рез по само пет натпревари!

Валенсија направи големи промени во раководството по очајниот почеток на сезоната и ги отпушти тренерот Карлос Корберан и извршниот директор Рон Гурли. Шпанскиот клуб по првите пет кола во Ла Лига има само еден освоен бод и се наоѓа на последното место на табелата. Лошите резултати предизвикаа големо незадоволство кај навивачите, кои во последните домашни натпревари бараа заминување на Корберан.

Корберан ја презеде Валенсија во декември 2024 година и успеа да го спаси тимот од испаѓање. Под негово водство одигра 72 натпревари, со 28 победи и 26 порази. Заедно со тренерот и директорот, клубот ги прекина договорите и со четворица членови од тимот на Гурли, како и со комплетниот тренерски стручен штаб на Корберан.

До изборот на нов тренер, првиот тим ќе го води Оскар Санчес, досегашниот тренер на вториот состав Валенсија Местaља. Од клубот најавија дека наскоро ќе биде објавена и новата структура на спортскиот сектор. Време за адаптација нема многу, бидејќи Валенсија веќе во вторник ја очекува гостување кај Алавес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.