Меѓународен фудбал Фудбал

Валенсија конечно победи, „лилјаците“ славеа на гости кај Алавес!

Валенсија конечно се израдува на првиот триумф во новата сезона во Ла Лига. „Лилјаците“ на гостински терен го совладаа Алавес со 1:0 во рамките на шестото коло и ставија крај на серијата од четири последователни порази. Гостите уште од почетокот покажаа поголема иницијатива, а во 17. минута Арнаут Данџума ја затресе мрежата. Сепак, радоста траеше кратко бидејќи погодокот беше поништен поради офсајд.

Валенсија продолжи да го контролира текот на натпреварот и во вториот дел, а упорноста конечно се исплатеше во 78. минута. Хави Гера испрати одлична топка кон Луис Риоха, кој влезе од клупата и со сигурна реализација го постигна единствениот гол на натпреварот. Алавес до крајот не успеа да најде одговор и претрпе втор последователен пораз во првенството. Валенсија, пак, со трите освоени бода конечно го прекина негативниот период и забележа победа која може да биде значајна за продолжението на сезоната.

Успехот има дополнителна тежина за „Лилјаците“ и поради традицијата во меѓусебните дуели. Валенсија сега има две победи во низа против Алавес, кој не успеал да го совлада овој ривал на последните три меѓусебни натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.