Кошарка Меѓународна кошарка

Валенсија го расипа славјето во Атина: „Брејк“ на Шпанците за продолжување на серијата

Кошаркарите на Валенсија приредија големо изненадување во Атина, совладувајќи го Панатинаикос со 91:87 и со тоа ја намалија предноста на Грците во четвртфиналната серија на 2:1. Иако тимот на Ергин Атаман имаше шанса со „метла“ да обезбеди пласман на фајнал-фор турнирот, шпанскиот состав одигра извонредно прво полувреме и успеа да го издржи огромниот притисок во драматичната завршница. Натпреварот го одбележаа големи тензии, при што судиите во еден момент ги исклучија тренерите на двете екипи, додека суспендираниот претседател на „зелените“, Димитрис Јанакопулос, можеше само да го следи првиот пораз на својот тим во оваа серија.

Најефикасен во редовите на победничкиот тим беше Крис Џонс, додека кај домаќините не помогна ниту солидната партија на Кендрик Нан, кој влезе во проблеми со лични грешки во клучните моменти. Со овој триумф, Валенсија избори нов натпревар на домашен терен кој ќе се одигра в петок, каде ќе се обиде да се избори за мајсторка. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Реал Мадрид и Хапоел Тел Авив, каде „кралевите“ моментално водат со 2:1 во серијата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести