Со пристапување и користење на интернет страницата www.sportei.mk, корисникот се согласува со овие Услови за користење. Редакцијата на Sportei го задржува правото во секое време да ги измени или ажурира овие услови, без претходна најава.
Авторски права и сопственост на содржината
Сите материјали објавени на www.sportei.mk, вклучувајќи текстови, графики, интервјуа, анализи, фотографии, видеа и други мултимедијални содржини, се интелектуална сопственост на Sportei и се заштитени согласно законските прописи за авторски и сродни права.
Не е дозволено преземање, копирање, репродукција, реобјавување, дистрибуција или комерцијално користење на содржините без претходна писмена согласност од редакцијата на Sportei.
Цитирање и пренесување на содржина
Дозволено е преземање на краток извадок од текст (до три реда) исклучиво со јасно наведување на изворот и со активен линк кон www.sportei.mk, но без преземање на фотографија и видео.
Комерцијално користење и надомест
Секое неовластено користење или објавување на содржини од Sportei (онлајн портали, печатени медиуми, телевизии или други платформи) се смета за повреда на авторските права и подлежи на финансиски надомест.
Надоместокот за користење на содржините се пресметува според следниот ценовник:
- 3.000 денари (+ДДВ) – за текст / статија
- 5.000 денари (+ДДВ) – за графика
- 5.000 денари (+ДДВ) – за фотографија
- 12.000 денари (+ДДВ) – за видео материјал
- 12.000 денари (+ДДВ) – за интервју / анализа
Со објавување или користење на содржина без дозвола, корисникот се смета дека ги прифатил овие услови и се согласува со обврската за плаќање на надомест согласно наведениот ценовник. Во случај на неовластено користење на содржина, ќе биде издадена фактура со рок на плаќање од 8 дена. Непочитување на овој рок, може да доведе до преземање на соодветни законски постапки за наплата.
