Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, Олександр Усик, смета дека Ентони Џошуа повторно ќе се врати на врвот на светскиот бокс. Украинецот е убеден дека британскиот боксер ќе го совлада Тајсон Фјури, и тоа со нокаут, а потоа ќе ги обедини сите шампионски појаси. Усик, кој двапати се бореше и со Џошуа и со Фјури, истакна дека добро ги познава нивните квалитети и верува дека Џошуа има сè што е потребно за да победи во долгоочекуваниот британски спектакл.
„Ентони Џошуа е следниот апсолутен шампион. Ќе го победи Фјури и ќе го нокаутира“, изјави Усик во интервју за talkSPORT.
Украинецот неодамна најави дека се приближува кон крајот на својата блескава кариера. Непоразениот шампион има 25 победи во исто толку професионални борби, а како можни противници за својот последен меч ги посочи токму Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер.

