Кошарка Меѓународна кошарка

Уште еден поранешен „звездаш“ доаѓа во Партизан?

Во таборот на Партизан е исклучително динамично ова лето. По трансферот на Лука Вилдоза, уште едно познато име поврзано со вечниот ривал Црвена звезда би можело да пристигне во Хумска, но овојпат во различна улога.

Шпанскиот портал „Енцестандо“ пренесува дека новиот тренер на црно-белите, Жоан Пењароја, го посакува Оливер Стевиќ во својот стручен штаб. Поранешниот кошаркар неодамна ги заврши тренерските студии во Шпанија и е подготвен за нова улога.

Пењароја и Стевиќ имаат одлична соработка од минатото, кога заедно работеа во Андора од 2016 до 2018 година. Стевиќ голем дел од играчката кариера го мина токму во Шпанија, каде што стекна драгоцено искуство и одлично го познава шпанскиот систем на работа.

Стевиќ го носеше дресот на Црвена звезда во сезоната 2009/10, а кариерата ја заврши во Обрадоиро. Доколку договорот се финализира, тој ќе отвори ново поглавје во кариерата како помошник-тренер на Партизан.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.