Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Уругвај повторно разочара, Зеленортските Острови сонуваат осминафинале! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Зеленортските Острови продолжува да биде едно од најпријатните изненадувања на Светското првенство. Африканската селекција освои вреден бод против Уругвај играјќи 2-2 во натпревар од второто коло во Групата Х. Историски момент за Зеленортските Острови донесе Кевин Ленини, кој со маестрален удар од слободен удар го постигна првиот гол за својата земја на мундијалските турнири. Сепак, Уругвајците успеаја да направат пресврт уште пред паузата и да заминат на одмор со предност.

Во вториот дел, грешка во одбраната на јужноамериканската селекција беше казнета од Хелио Варела, кој ги постави конечните 2-2. До крајот Уругвај притискаше, но не успеа да стигне до трите бода.

Со новиот бод, Зеленортските Острови остануваат во одлична позиција за историски пласман во нокаут-фазата, додека Уругвај ќе мора да бара спас во последното коло против Шпанија.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.