Uncategorized Кошарка Меѓународна кошарка

„Ураганот“ Мичел го збриша Детроит (ВИДЕО)

Кливленд Кавалирс се вратија во игра во полуфиналната серија на Истокот, израмнувајќи на 2-2 по победата над Детроит Пистонс со 112:103. Натпреварот го одбележа нестварната партија на Донован Мичел, кој по бледото прво полувреме „експлодира“ и постигна дури 39 од своите 43 поени во вториот дел, со што го израмни НБА рекордот за поени во едно плеј-оф полувреме. Пресвртот се случи во третиот период кога Кливленд направи фуриозна серија од 22:0, оставајќи ги гостите без поен повеќе од шест минути. Голема поддршка Мичел доби од Џејмс Харден, кој запиша 24 поени и 11 асистенции, додека Мобли и Ален со вкупно 8 блокади целосно го заклучија рекетот за гостите. Детроит не успеа да се опорави од 18-те загубени топки, па сега серијата се враќа на почеток пред клучниот петти меч во Мичиген.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести

Sorry, no related posts found.