Вечерва во Мајами се одржа УФЦ 327, кој донесе одлични и возбудливи борби. Во борбата на вечерта, Карлос Улберг со нокаут во првата рунда, славеше победа против шампионот во полутешка категорија, Јури Прохаска. Тој погоди одлично кроше од контра и го фрли во нокдаун чешкиот борец, а работата ја доврши со неколку удари на подот. За победата да биде поимпресивна, Улберг тоа го направи со ,,една нога”, односно предходно во борбата заработи повреда на коленото, на кое беше видлив голем оток. Имаше проблеми да се движи и да стои на таа нога, но тоа не го спречи да продолжи да се бори и на крајот да дојде до најголемата победа во кариерата и да го освои шампионскиот појас. Ова беше 10-та победа по ред за борецот од Нов Зеланд.
Конасловната борба исто така донесе возбудлив дуел помеѓу полутешкашите, во кој Паоло Коста со технички нокаут славеше победа против Азамат Мурзаканов. Баразилецот беше доминантен во текот на целата борба, а до победата дојде во третата рунда кога по еден удар со нога во главата, противникот падна и не можеше да продолжи па судијата беше приморан да ја прекине борбата.
И останатите борби понудија одлични и возбудливи претстави на борците. Џош Хокит со едногласна одлука го совлада Кертис Блејдес, Доминик Рејес го победи Џони Вокер, а Каб Свонсон го победи Нејт Ландвер со прекин во последната минута од првата рунда.

