Кошарка Меѓународна кошарка

Украински бек од Бостон пристигна во Реал Мадрид!

Реал Мадрид продолжува да го комплетира својот ростер за новата сезона, а најново засилување во бековската линија е украинскиот кошаркар Макс Шулга. Дваесет и четиригодишниот бек стави потпис на двегодишен договор со „кралскиот клуб“ и по само една сезона во НБА се враќа во Европа. Шулга во Мадрид пристигнува од Бостон Селтикс, каде што минатата сезона доби ограничена минутажа и запиша само 11 настапи. По завршувањето на сезоната стана слободен агент, а Реал ја искористи можноста да го донесе во своите редови.

Иако не доби голема шанса во првиот тим на Бостон, Украинецот остави многу подобар впечаток во развојниот тим на Селтикс. Таму просечно постигнуваше 15,7 поени, 4,4 скока и 6,7 асистенции по натпревар, покажувајќи дека може да биде сериозно оружје во организацијата на играта и реализацијата.

Шулга е роден во Киев во 2002 година, но неговиот кошаркарски развој е тесно поврзан со Шпанија. Уште на 11-годишна возраст се преселил на Пиринејскиот Полуостров, каде што првите кошаркарски чекори ги направил во Леон, а потоа продолжил во кошаркарска школа во Мадрид. Подоцна заминал во САД, каде што настапувал за колеџите Јута и ВЦУ. Неговите квалитети му донеле место на НБА драфтот во 2025 година, кога Орландо Меџик го избра како 57. пик, но подоцна патот го одвел во Бостон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.