Речиси никој не веруваше дека на тревникот пред Белата куќа ќе се случи еден од најголемите пресврти во поновата УФЦ историја. Прекалениот американски ветеран Џастин Гејџи испиша нова страница во ММА борбите и ја прекина бруталната доминација на досега непоразениот Илија Топурија. Иако борбата беше најавувана како нова рутинска одбрана на појасот за Топурија, Американецот имаше сосем поинаков план. Од самиот старт наметна пеколно темпо и со хируршки прецизни и брутални серии постепено го кршеше отпорот на досегашниот шампион, кој за првпат во кариерата изгледаше целосно немоќно и изгубено во октагонот.
Како што одминуваа рундите, деструкцијата стануваше сè поочигледна, а лицето на Топурија беше целосно изнаказено од жестоките размени. Повредите и отоците беа толку сериозни што неговиот стручен штаб процени дека натамошниот престој во кафезот е опасен по здравјето, па борбата беше прекината меѓу рундите. Гејџи на тој начин стигна до најголемиот триумф во кариерата и одново се закити со појасот во лесна категорија, додека Топурија за првпат го напушти борилиштето со наведната глава.
DROPPED THE CHAMP 😱@Justin_Gaethje | #UFCWhiteHouse#UFCWhiteHouse LIVE NOW on @ParamountPlus!
[ Title fights presented by @Cryptocom ] pic.twitter.com/G36sY59igq
— UFC (@ufc) June 15, 2026
Во втората борба на вечерта, Сирил Ган дојде привремениот појас во тешка категорија, совладувајќи го Алекс Переира во втората рунда со технички нокаут.
MADE THE STAGE HIS 🇫🇷@Ciryl_Gane defeats Alex Pereira by TKO to become the interim heavyweight champ!
[ #UFCWhiteHouse | B2YB @CryptoCom ] pic.twitter.com/HJNnmMjTiQ
— UFC (@ufc) June 15, 2026
Овој историски спектакл имаше и нереална политичко-естрадна позадина, бидејќи целиот турнир беше организиран како дел од прославата за 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп. Новиот шампион веднаш по прогласувањето истрча да ја сподели радоста со славеникот Трамп, кој од првите редови го следеше шоуто заедно со сопругата Меланија. Покрај борбите, вистинско шоу во Вашингтон направи и фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ. Популарниот Ибра беше специјален гостин на претседателот, а за време на забавата приреди луд музички перформанс, пуштајќи ги неговите омилени балкански народни хитови кои ечеа среде Белата куќа.
Во сенка на главната борба поминаа уште неколку брутални пресметки на главната програма. Диего Лопес со застрашувачки нокаут го „преслуша“ Стив Гарсија, боречкото чудо Бо Никал ја заврши својата работа експресно уште во првата рунда, додека Маурисио Руфи со брутална доминација и супериорен настап го совлада ветеранот Мајкл Чендлер.

