Боречки спортови Други спортови

УФЦ подготвува реванш меѓу Топурија и Гејчи за појасот во лесна категорија

Иако Џастин Гејчи летово ја направи една од најголемите сензации во историјата на УФЦ совладувајќи го дотогаш непоразениот Илија Топурија, сè поизгледно е дека новиот шампион набрзо ќе мора повторно да влезе во октагонот со Грузиецот. Во раководството на најсилната ММА организација интензивно се разгледува опцијата за директен реванш за појасот во лесна категорија.

Американскиот борец по три пропуштени шанси во кариерата конечно стигна до шампионскиот трофеј на спектакуларниот настан пред Белата куќа, каде што го принуди Топурија на предавање. Сепак, поради повредите заработени во таа жестока борба, Гејчи веќе најави дека нема да се бори до крајот на оваа година, па неговата прва одбрана на титулата се очекува на самиот почеток од следната година, најверојатно во јануари или февруари.

Иако во редот за предизвикувачи се наоѓаат сериозни имиња како Макс Холовеј и Чарлс Оливеира, додека Арман Царукјан го чека елиминацискиот дуел против Маурисио Руфи на УФЦ 331, Топурија важи за главен фаворит на промоторите. Неговите претходни успеси и освојувањето титули во две различни тежински категории, како и огромниот интерес што го предизвика нивната прва борба, му даваат предност во однос на останатите претенденти, меѓу кои се споменува и Пади Пимблет.

УФЦ коментаторот Џон Аник потврди дека во организацијата веќе се водат интерни разговори за оваа можност. Според него, по успехот и големината на првиот настан, логично е промоторите да сакаат веднаш да го вратат Топурија во борбата за појасот, што го прави реваншот најверојатно сценарио за почетокот на новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.