Боречки спортови Други спортови

УФЦ ќе дојде во Србија!

Веќе подолг период се шпекулира дека најголемата и најпопуларна ММА организација УФЦ, како дел од планот за нивно глобално ширење, ќе организира настан и во нашиот регион, поточно во Србија. Сега, првиот човек на организацијата Дена Вајт, говорејќи за идните планови на организацијата во поткастот на Един Рос, ја наведе Србија како една од дестинациите каде УФЦ ќе организира боречки спектакл.

Оваа вест е од големо значење за регионалната ММА сцена, за се поголемиот број на фанови на боречките спортови во нашиот регион, затоа што во живо ќе можат да присуствуваат на еден таков спектакл, од кој ќе бидат дел најдобрите борци во моментов во светот и некои борци од регионот.

Официјалниот датум кога би се одржал овој настан се уште не е соопштен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести