Боречки спортови Други спортови

УФЦ го објави списокот на борби за спектаклот во ,,Белата куќа’’

Најпопуларната и најдобра организација во ММА спортот, УФЦ, ќе испише историја со тоа што за прв пат ќе се организира спортски настан кој ќе се одржи во ,,Белата куќа’’ во Вашингтон, на 14 јули 2026 година.

Долго време се зборуваше за големите планови на американскиот претседател Доналд Трамп, кој и самиот е фан на УФЦ и чест гостин на борбите.

Сега УФЦ ги објави и имињата на борците кои ќе настапат на овој спектакл. Главна борба на вечерта ќе биде за појасот во лесна категорија помеѓу  Илија Топурија и Џастин Гејџи. Пред нив, во борбата за привремениот шампионски појас во тешка категорија ќе се судрат Алекс Переира и Сирил Гане.

Останатите борби ќе бидат помеѓу О’Мали и Захаби, Рафи и Чендлер, Никас и Докас, Лопез и Гарсија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести