Меѓународен фудбал Фудбал

УЕФА подготвува драконска казна за Манчестер Сити?

Англискиот гигант Манчестер Сити може да се соочи со санкции не само на домашно тло, туку и на европската сцена, доколку биде одбиена нивната жалба против обвиненијата за прекршување на финансискиот фер-плеј.

Според информациите на колумбискиот спортски новинар Сесар Аугусто Лондоњо, УЕФА подготвува драстични мерки против „граѓаните“. Доколку вината на клубот биде официјално потврдена, Манчестер Сити би можел да добие забрана за учество во сите европски клупски натпреварувања во времетраење од седум до десет години.

Оваа вест доаѓа во момент на огромни тензии во Англија, каде што потенцијалното драстично одземање бодови сериозно ги загрозува шансите на тимот. Според последните анализи, постои речиси 60% веројатност за испаѓање на Сити од Премиер лигата оваа сезона, поради што обложувалниците веќе драстично ги намалија коефициентите за ваков сценарио.

Од Манчестер Сити и понатаму категорично тврдат дека се невини и веќе ги обжалија сите констатации, а спортските правници најавуваат дека целиот случај би можел да заврши дури и пред Врховниот суд на Велика Британија. Во меѓувреме, експертот за фудбалски финансии Киеран Мегваер истакна дека раководството на клубот веројатно веќе е свесно за предвидените мерки, додека официјалното објавување на санкциите се очекува во рок од 12 недели.

Доколку ваквата суспензија од УЕФА навистина се реализира, тоа ќе биде најтешката казна изречена на еден клуб во целата историја на европскиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.