УЕФА ја одреди судиската делегација за реваншот од третото квалификациско коло во Конференциската лига меѓу Шкендија и Хибернијан. Главен арбитар на натпреварот ќе биде Казахстанецот Болат Сариев, а покрај аут-линиите ќе му помагаат сонародниците Сергеј Васјутин и Денис Лабашов. Четврти судија ќе биде Данил Горда, исто така од Казахстан.
Во ВАР-собата ќе бидат Ајдин Тасибаев од Казахстан и Унгарецот Тамаш Боњар. УЕФА за судиски набљудувач го назначи Литванецот Сергејус Слива, додека делегат на натпреварот ќе биде Мамука Кварацхелија од Грузија. Реваншот меѓу Шкендија и Хибернијан ќе се одигра на 13 август на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот.

