Меѓународен фудбал Фудбал

УЕФА не попушта: Бојкотот на натпреварувањата останува, довербата во Инфантино е целосно изгубена!

 УЕФА останува цврсто на својот став за бојкот на сите натпреварувања под закрила на ФИФА, истакнувајќи дека поддршката што Џани Инфантино ја доби на состанокот во Рабат „не менува ништо“. Иако спорниот проект за продажба на комерцијалните права (ФФЕ) беше повлечен од процедура, од УЕФА порачуваат дека условите за откажување од бојкотот не се исполнети бидејќи нема гаранции дека ваквите обиди нема да се повторат. Доколку не се постигне нов договор, првиот турнир кој ќе биде под координиран бојкот е Светското женско првенство до 20 години во Полска.

Критиките кон Инфантино продолжуваат да пристигнуваат од сите страни. Светскиот синдикат на фудбалери, ФИФПро, го обвини претседателот за „длабока злоупотреба на функцијата“, барајќи итни реформи и право на глас во Советот на ФИФА. Фудбалската асоцијација на Англија и официјално ја повлече поддршката за неговиот нов мандат, додека јужноамериканската конфедерација КОНМЕБОЛ изрази сериозна загриженост поради едностраните одлуки што се носат без дијалог. На состанокот во Мароко одби да присуствува и Арсен Венгер во знак на протест против сопорниот план за продажба на натпреварувањата.

Единствена целосна поддршка Инфантино во моментов доби од Африканската фудбалска конфедерација (КАФ), чиј Извршен одбор едногласно ја поддржа неговата политика. Во меѓувреме, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Јордан, принцот Али, ја обвини ФИФА за уцена со задржување на финансиите, потврдувајќи дека и покрај неодамнешната исплата на долживите средства, нема да гласа за реизбор на Инфантино.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.