Македонски фудбал Фудбал

УЕФА го скрати списокот: Еве кого можат да добијат Вардар и Шкендија!

Македонските претставници во Конференциската лига денеска ќе дознаат каков пат би можел да ги очекува во третото квалификациско коло. Во седиштето на УЕФА во Нион, со почеток од 14:00 часот, ќе биде одржана ждрепката за следната рунда од натпреварувањето.

УЕФА, како и вообичаено, наутро пред ждрепката го скрати списокот на можни противници.

Доколку Вардар ја елиминира летонска Рига, во третото квалификациско коло би можел да се сретне со победникот од дуелот Интер Ескалдес (Андора) – победникот од пресметката Атерт Бисен (Луксембург) и ЕТО Ѓер (Унгарија).

Од друга страна, Шкендија, која ќе биде носител и во третото коло доколку го елиминира словенечки Браво, ќе добие противник од победниците на следните двојки: Дебрецен – Пјуник, Паиде – Зире, Малишева – Хибернијан, Хамарби – Андерлехт или Стјарнан – Илвес.

Натпреварите од третото квалификациско коло во Конференциската лига се предвидени да се играат на 6 и 13 август, а денешната ждрепка ќе покаже какви предизвици би можеле да ги очекуваат македонските претставници доколку обезбедат пласман.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.