Меѓународен фудбал Фудбал

УЕФА го казни Партизан: Парична глоба и условна казна за трибините

УЕФА му изрече нова санкција на Партизан поради однесувањето на навивачите на европските натпревари. Белградскиот клуб е парично казнет со вкупно 34.000 евра, а доби и условна казна за намалување на капацитетот на стадионот.

Финансиската казна се состои од 20.000 евра поради недолично скандирање од трибините и дополнителни 14.000 евра за блокирање на премините на јужната трибина.

Покрај парите, УЕФА донесе и условна мерка за затворање на 5.000 седишта на западната трибина за еден иден европски меч, со рок на проба од две години. Тоа значи дека стадионот нема веднаш да биде празен, а дисциплинците не ја активираа ниту претходната условна казна од 2024 година која предвидуваше комплетно затворање на вратите.

Партизан во четврток го игра реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, каде што влегува со убедлива предност од 4:0 изборена на првата средба.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.