Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

УЕФА ги делегираше судиите за натпреварот Вардар – Рига

Вардар го продолжува својот европски пат во квалификациите за Конференциската лига, каде што го очекува нов тежок предизвик против летонскиот претставник Рига. „Црвено-црните“ ќе се обидат да направат чекор напред и да обезбедат место во следната рунда, а УЕФА веќе ги одреди и судиските тимови за двомечот.

Првиот натпревар ќе се одигра на 22 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:00 часот. Правдата ќе ја делат судии од Малта, предводени од главниот арбитар Филип Фаруџија. Негови асистенти ќе бидат Марк Сиантар и Курт Салиба, додека четврти судија е Даниел Портели. Реваншот е закажан за 28 јули во Рига со почеток од 19:00 часот. За овој натпревар УЕФА делегираше судиска четворка од Полска. Главен судија ќе биде Војчех Муц, а ќе му помагаат Бартош Хејниг и Миколај Кострева. Улогата на четврти судија ќе ја има Патрик Грицкјевич.

Вардар ќе се надева дека со добар резултат на домашен терен ќе си отвори пат кон следната фаза од квалификациите за Конференциската лига.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.