Меѓународен фудбал Фудбал

УЕФА ѝ го довери финалето во Лига Европа на Србија!

Србија доби голема чест од УЕФА, откако Сурчин беше избран за домаќин на финалето во Лига Европа во 2029 година. Одлуката ја донесе Извршниот комитет на европската фудбалска централа на состанокот во Солун. Завршниот натпревар ќе се игра на 23 мај 2029 година на новиот Национален стадион во Сурчин, кој се гради како дел од проектот ЕКСПО. Според најавите, објектот треба да биде завршен во почетокот на 2028 година и ќе има капацитет од околу 52.000 гледачи.

Стадионот ќе се простира на 121 хектар, а инвестицијата се проценува на околу 257 милиони евра. Домаќинството на финалето ќе биде уште еден значаен фудбалски настан за Србија, која заедно со Албанија во 2027 година ќе го организира и Европското првенство за играчи до 21 година. Натпреварите од младинското ЕП ќе се играат во Белград, Лесковац, Лозница и Бачка Топола.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.