Европскиот и францускиот шампион ПСЖ се соочува со неочекувани проблеми во пресрет на големото дерби со Марсеј, откако десниот бек Ашраф Хакими заработи повреда на мускулот на десната нога за време на првенствениот дуел против Брест.
Мароканскиот репрезентативец мораше предвреме да го заврши мечот уште во 39. минута откако почувствува силна болка, по што медицинскиот тим веднаш сигнализираше за замена. Од парискиот клуб потврдија дека Хакими во следните два дена ќе биде подложен на интензивни терапии и дополнителни медицински прегледи, по што прецизно ќе се знае колку време ќе паузира од терените.
Хакими е еден од најстандардните поединци во тимот оваа сезона со седум одиграни мечеви во сите натпреварувања, па неговото потенцијално отсуство ќе биде огромен хендикеп за „светците“ пред неделното гостување на жешкиот терен во Марсеј во рамките на 5. коло од француската Лига 1.

