Македонската фудбалска репрезентација до 19 години претрпе пораз од 3:1 во првиот контролен меч против Словенија. Натпреварот се одигра на теренот во комплексот „Горан Пандев“.
Гостите први наметнаа темпо и брзо стигнаа до висока предност. Флоријан Межнар гоотвори резултатот во 26-тата минута. Само пет минути подоцна, Денис Виденовиќ зголеми на убедливи 2:0.
Пред крајот на полувремето, нашите фудбалери се вратија во игра. Иво Марковски во 42-рата минута го совлада противничкиот голман за намалување на 2:1.
Во вториот дел Словенија ја потврди победата. Конечниот резултат го постави Тилен Летоња со погодок во 74-тата минута.
Избраниците на Димитар Капинковски во четврток ќе одиграат уште еден пријателски дуел против истиот противник. Овој натпревар е закажан со почеток во 12:00 часот.

