Меѓународен фудбал Фудбал

Турски новинар уапсен поради лажна вест за трансфер на Џамал Мусијала во Галатасарај!

Турскиот новинар Бурхан Џан Терзи беше приведен од полицијата откако објави невистинита информација за наводен трансфер на Џамал Мусијала во Галатасарај. Шпекулацијата предизвика огромна прашина во јавноста, по што турскиот гигант експресно излезе со официјално деманти и го обвини новинарот за нарушување на угледот на клубот.

И покрај демантот од Галатасарај, Терзи продолжи јавно да инсистира дека неговиот извор е сигурен и дека веста е точна. Поради упорното ширење лажни информации, тој беше приведен на информативен разговор, а по сослушувањето пред надлежен судија, беше донесена одлука тој да биде пуштен од притвор.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.