Турција ги загуби шансите за пласман во нокаут-фазата на Светското првенство уште по второто коло, а вниманието на јавноста деновиве го привлече сосема поинаква приказна.Пред натпреварот со САД, на видео-бимот на стадионот во Санта Клара неколкупати се појавило името на легендарниот Хакан Шукур, што предизвика бурни реакции во турските медиуми и на социјалните мрежи.
Шукур, кој е најдобар стрелец во историјата на турската репрезентација со 51 погодок, со години е во немилост на турските власти и живее во САД. Токму затоа, неговото појавување на стадионот беше дочекано како вистинско изненадување.Според локалните информации, станувало збор за платена порака од навивач, но тоа не спречи случајот да стане една од главните теми во турската јавност. Дел од медиумите го оценија потегот како провокација, додека други потсетија дека без оглед на политичките околности, Шукур останува едно од најголемите имиња во историјата на турскиот фудбал.
По натпреварот се огласи и самиот поранешен напаѓач, кој изрази разочарување од раната елиминација на националниот тим и порача дека очекувал повеќе од настапот на Турција на Мундијалот.
Hakan Sukur’s name has been erased from club and country records, and Turks are dissuaded from ever mentioning him — but some rebellious fans paid extra for him to get a special shoutout at tonight’s game: https://t.co/cNIQFen6Qc pic.twitter.com/NNqhFjdatf
— Kevin V. Nguyen (@KevinNguyen_89) June 20, 2026

